Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва го предложи доктор Ѓуро Мацут за мандатар на новата влада на Србија. Мацут е ендокринолог по професија, со богато академско искуство – дипломирал, магистрирал и докторирал на Медицинскиот факултет во Белград, каде што денес е редовен професор.
Оваа одлука следува по оставката на досегашниот премиер Милош Вучевиќ, кој се повлече од функцијата на крајот на јануари по нападот врз студенти во Нови Сад. Српскиот парламент на 19 март ја потврди оставката, со што формално заврши мандатот на досегашната влада.
Српската напредна партија претходно соопшти дека има двајца кандидати за мандатар, но вечерва стана јасно дека изборот паднал на Мацут. Според Уставот, новата влада треба да биде избрана најдоцна до 18 април.
„Новата влада ќе биде избрана до Велики петок. Ѝ претстојат сериозни задачи – справување со регионалните политички предизвици, решавање на даночните прашања со САД, унапредување на европскиот пат, но и одржување на добрите односи со традиционалните пријатели на Истокот“, изјави Вучиќ вечерва во Палатата Србија.
Тој додаде дека очекува новата влада да се залага за мир, стабилност