Вести

ЕКСКЛУЗИВНО ВЕЛЕПРЕДАВСТВОТО НА Љубчо И НЕГОВАТА ДАДИЛКА❗️

„Пауновски, кој беше на чело на министерството во почетокот на воениот конфликт, тврди дека агендата за одбраната на државата на Георгиевски и Димовска била сомнителна.

„Во април 2001-та, по еден од редовните ноќни состаноци на државниот политички врв и на безбедносно-командниот врв, Георгиевски и Димовска останаа во кабинетот во Министерството за одбрана. Георгиевски директно ми соопшти дека мора да се разделиме со Албанците, да им дадеме територии кај Дебарско и Гостиварско-тетовско, со прст ги означи териториите на картата на Македонија, а остатокот да го носиме кај нашите во Бугарија. Ова особено го истакна Димовска. Георгиевски, пак, рече дека тоа сега конечно треба да се одработи, а главната работа е да се извадат сите тенкови во најкраток можен рок, за ден-два, и да се постават по должината на патот Скопје-Гостивар, на еднакви растојанија од левата страна на патот гледано кон Гостивар“, вели Пауновски во обраќањето до јавноста.“

Нова Македонија, 24.7.2009 година.

Сведоштва Љубен Пауновски, министер за одбрана во владата на најголемиот Љубчо Ѓоргиевски.

Прочитајте го записникот од 1941 година па дознајте  Љубчо Георгиевски за чии интереси одработува:

ЗАПИСНИК

ЗА ЗАКЛУЧОЦИТЕ ОД ПРЕГОВОРИТЕ НА МИНИСТРИТЕ ФОН РИБЕНТРОП И ГРОФ ЌАНО ЗА РАСПАРЧУВАЊЕТО И ПОДЕЛБАТА НА ЈУГОСЛАВИЈА И МАКЕДОНИЈА

24 април 1941 г.

Исходот на германско-италијанските преговори за новото преуредување на југословенскиот простор

МАКЕДОНИЈА:

Оние помали области, отстапени по Светската војна на тогашна Југославија, и се даваат на Бугарија, а западниот широк појас со Струга, Гостивар и Тетово на Албанија.
Бугарските желби во поглед на Солун, кои Фирерот со разбирање ги прими на знаење, остануваат, исто така како и прашањето за конечната судбина на Грција, работа на спогодување помеѓу Дуче и Фирерот.

Јонските острови веднаш се анектираат од Италија. Инаку намерите на Италија спрема Грција, како што изгледа, се далекусежни.
Постапката, според која новосоздадените граници помеѓу Србија, Црна Гора, Албанија и Бугарија се формално утврдени, ќе биде предмет на предлог од Министерот за надворешни работи до гроф Ќано.
Со оглед на посебните стопански интереси на Германија во бившата југословенска држава постои согласност за тоа германските стопански интереси во областите што и припаѓаат на Италија да се земат под особено внимание. Во прв ред Германија е заинтересирана за развитокот на производството на далматинските бокситни руди. По можност соодветно на ова ќе се зголемува производството на овие рудници и при извозот ќе се дава предимство на задоволувањето на германските потреби.
Унгарија ќе добие едно слободно пристаниште на далматинскиот брег.

Виена, 24 април 1941
Шмит
РАДА – ВОГО Reichsminister, Handakten Dolmeticher Schmidt.

Извор: facebook страна Македонија на македонците https://www.facebook.com/share/p/1BszcesF6o/

Споделете