Почина Александар Карадаковски, управител на „МММ Кафе“ ДООЕЛ

Александар Карадаковски, управител на фирмата „МММ Кафе“ ДООЕЛ, која што управуваше со дискотеката „Пулс“ во Кочани, почина додека беше на лекување во Литванија. Со тоа, тој стана 60-тата жртва на трагичниот пожар што ја потресе јавноста.

Според достапните информации, Карадаковски работел како шанкер во дискотеката, додека вистинскиот сопственик на локалот е Дејан Јованов – Деко. Пожарот, кој избувна во дискотеката „Пулс“, предизвика огромна трагедија, оставајќи бројни семејства во тага.

Официјалните институции сè уште спроведуваат истрага за причините за пожарот, а јавноста очекува одговорност за настанот што доведе до загуба на толку многу животи.

 

Споделете