Пајак-служба првично одби да крене „Порше Кајен“ на полицаец во Дебар Маало

На социјалните мрежи се појави видео кое покажува расправија помеѓу граѓани и пајак-службата на ПОЦ во Дебар Маало. Причината за незадоволството беше непрописно паркирано возило „Порше Кајен“, кое повеќе од четири часа стоело на велосипедска патека.

Според снимката, граѓаните реагираа бидејќи пајак-службата првично одбила да го подигне возилото, при што вработените во службата и присутниот полицаец тврделе дека станува збор за „службено возило“ чиј сопственик е полицаец на должност.

По неколку минути расправија, полицаецот на должност се консултираше телефонски со некого, по што пајак-службата сепак го подигна возилото. Настанот предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, отворајќи ја повторно темата за (не)еднаквата примена на сообраќајните правила во Скопје.

Споделете