Глобалните пазари во пад: Царинската политика на САД предизвикува паника

Глобалните финансиски пазари доживеаја сериозен потрес откако Вашингтон најави воведување на високи царини за увозот од неколку клучни трговски партнери. Ова предизвика пад на речиси сите водечки светски берзански индекси, а Волстрит загуби околу 2,4 трилиони долари од вкупната пазарна вредност на компаниите што го сочинуваат индексот S&P 500.

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека новите царини од 10% ќе се применуваат на целиот увоз, со дополнителни и реципрочни тарифи за земјите со кои САД имаат најголем трговски дефицит. Оваа одлука веднаш се одрази на пазарите, предизвикувајќи нестабилност и загриженост кај инвеститорите.

Азиски и европски пазари под притисок

Првите на удар беа азиските берзи, каде што падовите беа најизразени во Јапонија, Јужна Кореја и Хонг Конг. Кинескиот увоз, кој веќе беше подложен на 20% царини, сега ќе биде дополнително тарифиран со 34%, додека увозот од Јапонија, Индија и Јужна Кореја ќе се соочи со тарифи од 24% до 26%.

По острите реакции од азиските пазари, европските берзи исто така регистрираа значителни загуби. Лондонскиот FTSE индекс падна за 2,55%, франкфуртскиот DAX изгуби 3,01%, додека парискиот CAC забележа пад од 3,31%.

Технолошкиот сектор меѓу најголемите губитници

Најголеми загуби на Волстрит претрпеа акциите на водечките технолошки компании. Акциите на Apple паднаа за 9,2%, Amazon изгуби 9%, а Nvidia речиси 8%. Ова ги надмина прогнозите на аналитичарите, кои сега прават нови проценки за долгорочното влијание врз американската и глобалната економија.

Индексот Dow Jones забележа пад од 3,98% на 40.545 поени, S&P 500 изгуби 4,84%, додека Nasdaq потона за 5,97% на 16.550 поени. Ова е најголемиот дневен пад на овие индекси од 2020 година, кога финансиските пазари беа погодени од пандемијата на коронавирусот.

Контрамерки од глобалните трговски партнери

Кина и Европската унија веднаш најавија одмазднички тарифи како одговор на американските мерки, додека Јужна Кореја, Мексико и Индија засега сигнализираат дека ќе се обидат да водат дипломатски преговори пред да преземат радикални чекори.

Во меѓувреме, индексот на страв VIX скокна над 30 поени, што укажува на зголемена несигурност кај инвеститорите. Според аналитичарите, во наредните денови се очекува нестабилно тргување на берзите ширум

Споделете