„Ина многу фина: Прецизно објаснување на соседските проблеми и решенија“

Ништо не е безбедно Габче ништо, не знам како ќе тераме вака. Ние сме на шести, да. Излез за евакуација? Тоа се овие пожарникарскиве скали? Имаме Габче ама ние како се доселивме година две не видов јас пожарникар на скалите и го заградивме тоа, дуваше од таму. Знаеш како, дома го осеќав од под врата, ме шибаше во стопалата, викам од кај иде ова ладно? И ги заградивме. Па од овие што го земавме станот едно плакарче остана таму го ставив и си редам тегли, нешто вишок што ми е дома, стариот тепих е таму, шољата од вц ама таа како нова, ќе се најде. Имам некои стари тавчиња. Точаче имаме од Клементина кога беше мала. И седат и ако не ми притребаат 10 години ги спуштам во подрум. Ама си треба тоа. Овие од карши, да не викам сеа све се слуша, Весна оваа маж и што е ортопед тоа за крв, ми вика што сме го заклучувале тоа таму. Па сите ли да оставаат таму? Имаат подруми сите исто ко нас. Јас сум дала пари тоа да се затвори да не дува, мое си е. Многу се сељаци во зградава, многу. Еве од вториот влез еден тој со Пежо едно, тука се паркира под прозор. А ние имаме зонско сега, се плаќа и обележани се местата ама ние тука живееме од пред зонското не може да се паркира. И имам една канта од поликолор што кречевме, ја измив и сега ја ставам на тоа место му го чувам на Баже. Наше е тоа, од секогаш тука сме ја ставале. Сега мене општината ќе ми кажува секој може да паркира, ма немој. Сељаци. Црева? Тие во црвената кутија тука кај лифтот? Ги продаде Баже. На пазарот во Маџари ги однесе и ги продаде за да купи сијалици за во влез, не работеа, а овие господава нејќеа да дадат пари. Шо ќе ти се, само прашина фаќаа, па ние тоа го дишеме. И една боцичка имаше за пожар во кола ни е, тоа нели мора да имаш па ја стави Баже да не ја фрла. Вие имате заден влез? Имавме и ние ама го заѕидавме да не ни влагаат наркомани. Кога е отворен влезот напред и таа врата позади знаеш како шибаше промаја? Уууу те сече. И ја заѕидавме. Не е безбедно Габче ништо не е ко шо треба, кој да провери од зградава, со кого да се договориш ко човек, со сељациве?

Извор: пост на facebook на ina mnogu fina

https://www.facebook.com/share/p/166QqasTLF/

 

 

Споделете