Бугарските медиуми повторно се обидуваат да манипулираат со јавноста и да шират невистини за Република Македонија! Овој пат, порталот Lupa.bg, а пренесен од пропагандистичкиот портал Vestimak.mk, се обиде да создаде лажна слика за наводна акција против Бугарите во Македонија. Но, вистината е сосема поинаква!
На 29.03.2025 во 23:30 часот, полицијата во Кавадарци го лиши од слобода Љ.А. (40) од Кавадарци, кој управувал возило „пасат“ со бугарски национални ознаки со голема брзина, не пропуштајќи пешаци на обележан пешачки премин. Полицијата го сопрела, а возилото било привремено одземено согласно член 344 став 2 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Покрај тоа, утврдено е дека лицето имало 1.7 промили алкохол во крвта и управувало возило иако имало активна забрана за „Б“ категорија!
Значи, ова е обична сообраќајна интервенција против неодговорен возач – а не некаков „напад врз Бугарите“! Но, бугарските пропагандни медиуми се обидуваат да го искриват настанот и да го прикажат како политички прогон!
Ова е уште еден доказ дека Бугарија и нејзините медиумски сателити немаат никаква намера да престанат со ширењето на лаги против Македонија! Доволно беше – македонската јавност не наседнува на евтини манипулации!
Ја повикуваме јавноста да биде внимателна и да не им верува на лагите кои доаѓаат од бугарските пропагандни центри!