Според најновиот извештај на Обединетите нации, „Перспективи на светското население 2024“, Македонија до крајот на векот се соочува со драстично намалување на населението. Проценките покажуваат дека во 2100 година бројот на жители ќе биде намален за 52 проценти во однос на 2025 година, што ја позиционира земјата на неславното петто место во Европа по демографски пад, заедно со Белорусија.
На врвот на оваа негативна листа се Украина со загуба од 61 отсто од населението, Албанија и Литванија со по 57 отсто, како и Босна и Херцеговина со 56 проценти. Македонија е веднаш зад нив, со прогнозиран пад од 52 отсто, додека на слично ниво се Летонија и Молдавија (по 50 отсто), Полска (49 отсто) и Црна Гора (48 отсто). Во регионот, Бугарија