Пратеничката група на
Левица поднесе два
предлог-закони во
Собранието на Република
Македонија,
насочени кон
подобрување на правата на
работниците и семејствата.
Првиот предлог предвидува
задолжителна исплата на
платите до 5-ти во месецот,
наместо до 15-ти, со цел да
се намали финансиската
неизвесност кај
работниците и да се избегне
потребата од брзи кредити
или задолжувања со високи
камати.
Вториот предлог се
однесува на зголемување
на породилното отсуство од
9 на 18 месеци, со цел да се
подобри социјалната и
економската заштита на
мајките и семејствата
Оваа мерка има за цел да
овозможи
психофизичко
закрепнување на мајките
градење на здрава врска со
новороденчето, без страв
од финансиска несигурност
Левица нагласува дека овие
предлози се вообичаена
практика во некои европски
земји и произлегуваат
директно од потребите на
граѓаните. Тие апелираат
до владејачкото
мнозинство да ги поддржи
овие законски решенија,
истакнувајќи дека
досегашното одбивање на
нивните предлози без
дебата и разумни
контрааргументи
претставува непочитување
на работниците и
семејствата.
Останува да се види како ќе
реагира Собранието на овие
предлози и дали ќе се
направат чекори кон
подобрување на условите за
работниците и семејствата
во земјата.