Претставникот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Иван Пешевски, му се обрати со остра критика на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушески, во врска со изјавите за минималната плата. Пешевски потенцира дека синдикалните претставници се финансираат од членарина, а не од буџетски средства, како што е случајот со пратениците.
„Ги опљачкавте граѓаните по сите параметри, а сега тврдите дека 500 евра минимална плата е многу. Македонија е убедливо на последно место во Европа по примања“, напиша Пешевски.
Тој истакна дека 500 евра не се доволни за живот, туку треба да бидат основа за пресметка на другите плати. Според него, ниските примања се една од главните причини за иселувањето на младите.
ССМ најавува протест на 2 април 2025 година во 12:05 часот пред Сојузот на синдикатите на Македонија, барајќи достоинствени плати и подобри работни услови.
„Да живее работничката класа!“ – завршува Пешевски во своето обраќање.
Извор;https://www.facebook.com/share/p/15yrMQmAsX/