Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, упати остри критики кон пратеникот на Левица, Борислав Крмов, обвинувајќи го за лицемерие во однос на неговата борба против системот.
„Додека глуми борец против системот, системот му го полни џебот! Левица добива големи пари од државниот буџет, а тие пари завршуваат кај поединците во врвот на партијата,“ напиша Петрушевски на социјалните мрежи.
Тој прашува дали вака изгледа „борбата против елитите“ – со висока плата и дополнителни партиски исплати. Според него, Левица го критикува системот кога тоа ѝ одговара, но истовремено ужива во државната финансиска поддршка.
До овој момент, Крмов нема јавно одговорено на обвинувањата.
Извор: https://www.facebook.com/share/p/1AGi68PQbh/