Протестот на „Кој е следен?“ пред Собранието заврши со слаба посетеност

Скопје, 29 март 2025 – Денеска пред Собранието на Република Македонија се одржа протест организиран од иницијативата „Кој е следен?“, со цел да се изрази незадоволство од постапувањето на институциите по серија трагични настани.

Протестот, иако најавуван како масовен граѓански собир, заврши со скромна посетеност. Пред собранието се собраа околу сто луѓе, бројка далеку под очекувањата.

Слабата излезност, според дел од набљудувачите, е јасен сигнал дека јавноста не ја поддржува политичката злоупотреба на чувствителни теми и трагедии. Реакциите на социјалните мрежи покажуваат дека граѓаните се сè покритични кон ваквите иницијативи и ги препознаваат обидите за манипулација со јавните емоции.

Протестот заврши мирно, без инциденти, под присуство на полицијата која го обезбедуваше собирот.

Споделете