На 14 март 2025 година, во
Крива Паланка се случи
сериозна еколошка
катастрофа. Поради
дефект на цевка во
рудникот „Тораница“
отпадни води се излеале во
Крива Река
предизвикувајќи нејзино
загадување со опасни
хемикалии. Според
анализите на акредитирана
лабораторија,
концентрацијата на олово
во реката е зголемена
десеткратно, додека
присуството на цијанид
фосфор и азот е зголемено
за неколку стотици пати
Токсиколозите
предупредуваат дека
цијанидот е еден од
најсмртоносните отрови, кој
го нарушува клеточното
дишење и може да има
катастрофални последици
врз водниот свет во реката
Политичките партии
реагираа со меѓусебни
обвинувања. СДСМ
прашува дали некој свесно
ја штити компанијата
„Булмак 2016″ од
одговорност за еколошкиот
инцидент и бара темелна
истрага, објавување на сите
инспекциски извештаи и
одземање на еколошката
дозвола на компанијата
Од друга страна,
ВМРО-ДПМНЕ информира
дека институциите веќе
изрекле казна од над
200.000 евра и дека ќе
продолжат со
санкционирање на сите што
ја загрозуваат животната
средина.
Градоначалникот на Крива
Паланка, Сашко Митовски,
бара кривична одговорност
за оваа еколошка
катастрофа, нагласувајќи
дека водата во Крива Река е
сериозно загадена и
претставува опасност за
животот и здравјето на
луѓето.
Компанијата „Булмак 2016″
која управуварудникот
„Тораница”, негира дека
истечената вода содржи
опасни хемикалии и апелира
да не се шпекулира со
неточни информации.
Еколошките здруженија
бараат Јавното
обвинителство да отвори
истрага за случајот, да го
испита делувањето на
инспекторите и да ја одземе
лиценцата на
концесионерот.
Овој инцидент предизвика
сериозна загриженост кај
граѓаните и институциите
со оглед на потенцијалните
последици врз животната
средина и здравјето на
населението.