Мора да се упати јавна, јасна и дебела критика за нашите пратеници. Додека бугарски пратеник собра 40.000,00 евра, македонскиот народ собра над милион евра помош за настраданите и семејствата, на македонските пратеници уво не им чуе. Овие сто и дваесет паразити на број, немаат сенс да помогнат, да се откажат од само фракција од, во просек три илјади евра кои ги земаат редовно секој месец. Па по само третина да се откажеа ќе собереа сто и дваесет илјади евра. За жал алчноста на однародните не познава граници.
Колумна на адвокат Јанаки Митровски, дел од серијалот Разумен сомнеж

Пишува :Јанаки Митровски

Споделете