НЕ МОЖЕ ДА СЕ ОДЛУЧУВА ЗА НАС БЕЗ НАС !
На 2 април во 12:05 часот, Сојуз на Синдикати на Македонија (ССМ) излегува на улица , онака како што ветивме пред еден месец.
Часот кога ќе почне јавната седница на органите и телата на ССМ, вклучително и синдикатите здружени во ССМ, е 12:05, имајќи предвид дека 5 до 12 одамна помина, а 12 часот помина тогаш, кога Владата одлучи еднострано да усвојува информација, и со информација да утврдува износ на минимална плата на штета на работниците во Македонија, не прифаќајќи ги нивните предлози за утврдување на висината на износот на минималната плата“, рече претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов ,на денешната прес-конференција.
Тој рече дека до сега, ниту со поголемиот дел од гранските синдикати здружени во ССМ не се преговара, не се разговара за висините на платите на вработените во јавниот сектор, онака како што е предвидено во општиот колективен договор.
Не се преговара и не се разговара за висините на платите на вработените во јавниот сектор, онака како што е предвидено во општиот колективен договор, а тоа е да добиеме функционерски плати, просечна плата по коефициент на сложеност или зголемување на платите на вработените во јавниот сектор за 12,6 проценти во нето, или 12, 9 проценти во бруто“, додаде Трендафилов.
Тој обвини дека од последната прес-конференција се засилиле нападите од политичка партија кон синдикатите здружени во ССМ и кон Сојузот на синдикатите на Македонија.
„Се засилија нападите како од политичка партија така и од политички поставени директори кои примаат плата од нашите плати, кои ги плаќаме како даноци во државата, не ги плаќаме за да ги минираат процесите за да ги намалуваат платите и за да не ги остваруваат барањата и заложбите на работниците, не ги плаќаме за жестоко да се борат со закани, со уцени за отказ од работни места, за намалување на плата, за суспендирање на наши синдикални активисти, со една цел да направат друг Синдикат репрезентативен на штета на работниците“,
додаде тој.
Како што информираше, денеска почнала со работа Комисијата за утврдување на репрезентативност, и посочи дека само Сојузот на синдикатите на Македонија бара утврдување на репрезентативност на ниво на територија, ниту еден друг синдикат нема поднесено барање.
Само Сојузот на синдикатите на Македонија бара утврдување на репрезентативност на ниво на територија, со што ќе се овозможи негово учество во Економско-социјалниот совет, во Комисијата за утврдување за репрезентативност како и во други трипартитни социјални партнерства, органи и тела на државата, вклучително и барање за утврдување на репрезентативност во јавниот и приватниот сектор и ниту еден друг синдикат ја нема ниту бројката, ниту има поднесено барање, а жестоко се борат против ССМ за да не ја добие репрезентативноста, со која уште погласно ќе ги кажува барањата на работниците“, – истакна Претседателот на ССМ Трендафилов.