Скопје, 27 март 2025 година – Во знак на почит и поддршка кон припадниците на Специјалната антитерористичка единица (САЕ) Тигар, Македонскиот полициски синдикат (МПС), во соработка со општествено одговорната компанија Макоил Скопје, реализираа вредна донација.
Делегација на МПС, предводена од претседателот Зоран Кузманоски, генералниот секретар Зоран Крстев и членот на Надзорниот одбор Блажо Димитриев, денес официјално ја предаде донацијата на Заменик командантот на САЕ Тигар, Ване Каракачанов. Како симбол на благодарност и почит кон специјалците, беше предадена рачно изработена икона на Свети Димитрија – заштитник на безбедносните сили, дар од компанијата Макоил Скопје.
Дополнително, Македонскиот полициски синдикат, согласно барањето на САЕ Тигар, донираше и две микробранови печки со цел подобрување на работните услови на припадниците на единицата.
Од МПС нагласуваат дека преку своите органи и тела на месечно ниво издвојуваат значителни финансиски средства со кои се набавуваат материјално-технички средства за потребите на полициските службеници и за подобрување на нивните работни услови.
„Нашата обврска и должност е секогаш да бидеме поддршка на полицијата и сите припадници на безбедносните сили. Со вакви донации и активности продолжуваме да ја градиме солидарноста и грижата за колегите,“ истакна претседателот на МПС, Зоран Кузманоски.