Во вчерашната објава имаше комплетна анализа на влијанието на Вештачката интелигенција врз обвинителското постапување е сега, тоа беше само вовед!

ЌЕ НАПРАВАМ ПАРАЛЕЛА

Замислете нашиот законодавец од денешен аспект вели измената на Кривичниот законик од страна на СДС со европско знаменце за намалување на казните за Злоупотреба на службена положба и за други дела, кое беше направено за да ја избегнат одговорноста не можело да се промени бидејки важел поблагиот закон , а со тоа и поблагото дело и казна.

По нашки кажано ЗЛОСТОР СО ЛОКУМ!!!

Настрана шегата, нашиот закон предвидува таква состојба на примена на поблагиот закон, но прашањето е дали ги гледаме двете страни на паричката! Дали одговорноста треба да ја нема па дури и ако делото застарело, а ние не сме ги знаеле сите докази, факти и околности, бидејки видовме јавниот обвинител докажано се витка под температурата на политиката.

Секако дека одговорноста виси, но ние правниците треба да го најдеме модусот за тоа како правно таа одговорност да го види денот на специјалната и генералната превенција, бидејки вака влагуваме во еден маѓепсан круг на потполна декриминализација на се, дупка без дно!

Замислете оваа генерација политичари пред заминување по примерот на СДС со европско знаменце ги намали казните за уште половина, а тие после нив за уште толку, дали за одговорноста тогаш ќе пишува
НА РАСПРОДАЖБА!

Е сега клучно, доколку во предметот за пожарот може да се апсат и притвараат луѓе за застарени кривични дела сторени пред 10-15 години поради откриени факти што довеле до последицата исто треба да се направи и со оние дела што им застареа на малициозните политичари од СДС, но и на сите останати бидејки одговорност мора да има за сите, а доказите лебдат во воздухот сите ние зборуваме за нив, ги шеруваме и објавуваме, ама еве за нив докази немало!

Членот 30 од Кривичниот законик со наслов “Време на извршување на кривичното дело” ни дава временски одговор на тоа кога некое кривично дело станало кривично дело за да после може да се аплицира конкретната кривично – правна одредба. Тој гласи:

“Кривичното дело е сторено во време кога сторителот работел или бил должен да работи, без оглед кога настапила последицата.”

Токму настапувањето на последицата е клучниот момент, а кај нас во општеството последиците се големи, ненадоместливи и траат со генерации.

Не случајно американската пракса го смислила и изродила правниот преседан за кој пишував вчера:

За оние што не знаат што е “Kyles преглед” тоа се однесува на обврската на обвинителите да ги обелоденат сите материјални ослободителни и дискредитирачки докази што ги поседуваат, како што е утврдено во случајот Kyles v. Whitley, 514 U.S. 419 (1995). Овој случај ги зајакна и прошири принципите воспоставени во Brady v. Maryland (1963), кој бара од обвинителството да обелодени докази што му одат во прилог на обвинетиот.

Во Kyles v. Whitley, Врховниот суд на САД одлучи дека обвинителите не само што мора да ги откријат доказите за кои лично знаат, туку и доказите што се во посед на полициските служби и истражните органи што работат на случајот. Тоа значи дека обвинителството има обврска да ги дознае и обелодени сите потенцијално ослободителни докази што се наоѓаат кај полицијата или истражителите, дури и ако обвинителите самите не биле свесни за нив во моментот.

Екстратериторијални суштества имало и ќе има само доколку им “даваме доверба” треба да им вградиме малку “вештачка интелигенција”, ми беше зборот!

Пишува: Владимир Панчевски

Споделете