Вести

Српската амбасада во Скопје реагира на изјавата на Арбен Фетаи за НАТО интервенцијата во 1999 година

Амбасадата на Република
Србија во Скопје изрази
длабока загриженост
поради неодамнешната
изјава на
заменик-претседателот на
Владата на Северна
Македонија, Арбен Фетаи,
во врска со 26-годишнината
од воената интервенција на
НАТО врз Сојузна
Република Југославија.
Фетаи го оцени овој настан
како „историски момент“
што отворил „пат кон мир и
стабилност во регионот” и
довел до „запирање на
геноцидот“

Во своето соопштение
српската амбасада истакна
дека ваквите изјави
длабоко ги повредуваат
чувствата на граѓаните на
Србија, за кои 24 март е
симбол на големо страдање
и почеток на еден од
најтрагичните периоди во
поновата историја на
земјата. За време на
78-дневното
бомбардирање,
животот го
загубија околу 2.500
цивили, меѓу кои и деца, а
повеќе од 6.000 лица беа
повредени. Уништени беа
мостови, болници,
училишта, фабрики и
културни добра, при што
многу семејства ги изгубија
најблиски и
своите
домовите.

Амбасадата потсети дека
воената интервенција на
НАТО во март 1999 година
беше спроведена без
одлука на Советот за
безбедност на Обединетите
нации, што претставува
кршење на меѓународното
право. Тие нагласија дека
наративите кои

недостасуваат правна и
морална чувствителност не
придонесуваат за градење
на заемно почитување во
меѓудржавните односи.

Во заклучок, амбасадата
изрази надеж дека во
иднина ќе се земе предвид
сложеноста на ваквите
теми при јавни настапи и ќе
се покаже доследност во
почитувањето на
принципите на
меѓународното право.

Споделете