Општина Бутел ги засилува инспекциските контроли: Борбата против незаконските постапки продолжува

  1. Општина Бутел ги засилува инспекциските контроли: Борбата против незаконските постапки продолжува

Градоначалникот на Општина Бутел најави нови мерки за справување со незаконските активности на територијата на општината. Покрај редовните инспекциски контроли, од утре започнуваат и вонредни инспекции со цел подобрување на безбедноста на граѓаните.

„Безбедноста на граѓаните е наш приоритет. Ќе продолжиме со засилени контроли и нема да дозволиме непочитување на законските регулативи“, истакна градоначалникот во својата објава.

Инспекциските служби ќе спроведуваат ненадејни контроли на критичните точки во општината, а фокусот ќе биде ставен на сите нерегуларности кои можат да влијаат на јавниот ред, урбанистичкото уредување и безбедноста.

Општината ги повикува граѓаните да пријавуваат нерегуларности, со цел поефикасно справување со проблемите и зачувување на јавниот интерес.

Споделете