Милорад Додик во Израел по налогот за апсење од БиХ Претседателот на Република

 

Милорад Додик во Израел по налогот за апсење од БиХ

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, заминал за Израел откако Судот на Босна и Херцеговина издаде налог за негово апсење поради поткопување на уставниот поредок.

Според информациите, Додик бил во Белград на 24 март, каде што заедно со српскиот претседател Александар Вучиќ ја одбележал годишнината од воздушната операција на НАТО врз Југославија. Меѓутоа, не е јасно кога точно тој заминал за Израел.

Од Ерусалим, Додик изјави дека „Израел покажува дека слободата и безбедноста немаат цена“ и дека „народ кој знае кој е, нема да прифати да биде ниту мета, ниту потчинет“.

Во меѓувреме, Граничната полиција на БиХ спроведува истрага за тоа како Додик ја поминал границата со Србија и дали биле почитувани сите законски процедури.

 

 

Споделете