Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ донираше 150.000 денари (околу 2.500 евра) на Црвениот крст на Република Македонија за помош на семејствата на настраданите во трагичниот пожар во Кочани на 16 март, при кој загинаа 59 лица.
Во објавата, фондацијата изразува длабоко сочувство до семејствата на починатите и посакува брзо закрепнување на повредените. Исто така, упатува апел до сите хумани луѓе и институции да дадат свој придонес во поддршка на семејствата на настраданите, со цел вакви трагедии никогаш повеќе да не се повторат.