Мицкоски во посета на семејството на Иле Гоцевски: „Храброста и човечноста живеат во нашите луѓе“

Премиерот Христијан Мицкоски денеска го посети семејството и сопругата на Иле Гоцевски, возачот на Брзата помош кој со огромна пожртвуваност им помагаше на повредените во трагедијата во Кочани.

„Во време кога тагата не престанува, неговиот подвиг потсетува дека храброста и човечноста живеат во нашите луѓе. Тоа се нашите херои!“ – истакна Мицкоски.

Гоцевски, кој трагично го загуби животот, остави зад себе пример на несебично служење на граѓаните. Премиерот упати почит кон него и кон сите што секојдневно се посветени на спасување животи.

„Вечна ти слава, Иле,“ порача Мицкоски.

Споделете