Македонската фудбалска репрезентација ќе настапи во црни дресови на натпреварот против Лихтенштајн, во чест на жртвите од трагедијата во дискотеката во Кочани. Фудбалерите изразија сочувство и најавија дека ќе играат во нивна чест. Натпреварот, кој е дел од квалификациите за Светското првенство 2026, ќе се одигра во сабота во 15 часот на стадионот Рајн Парк во Вадуц.