Вести

Сејдиу: Кога ДУИ беше на власт, за модуларната болница вината ја носеше „кабел“

Градоначалникот на општина Желино, Блерим Сејдиу, реагираше на трагедијата во Кочани, споредувајќи ја со претходни несреќи што се случија во периодот кога ДУИ беше дел од власта.

Тој посочи дека во случаите со „Беса Транс“ и „Дурмо Турс“, вината била насочена кон возачите, додека кај пожарот во модуларната болница во Тетово одговорноста била сведена на „кабел“. Сејдиу нагласи дека во тие случаи никој не бил уапсен, а вистинските виновници останале неказнети.

По трагедијата во Кочани, досега се уапсени најмалку 20 лица, меѓу кои и поранешни градоначалници, што според него покажува дека конечно правдата почнала да функционира.

 

Споделете