Трагедијата во Кочани откри пропусти – седум полицајци под истрага

Јавното обвинителство на Република Македонија денеска соопшти дека е покрената истрага против седум полициски службеници од Штип и Кочани, осомничени за тешки дела против општата сигурност. Според обвинението, тие, како вработени во СВР Штип и ПСОН Кочани, изготвиле, потпишале и одобриле позитивна согласност, овозможувајќи на правно лице да добие лиценца за вршење угостителска дејност – кабаре, иако објектот не ги исполнувал законските услови за работа.

Оваа постапка довела до значителна опасност за животот и здравјето на луѓето, бидејќи кабарето работело во супстандардни услови. На 16 март 2025 година, во објектот избувнал пожар во кој загинале 59 лица, а 196 се здобиле со тешки телесни повреди.

Обвинителството оцени дека се исполнети условите за притвор и достави предлог до судијата на претходна постапка за определување мерка притвор за сите седум осомничени.

Овој трагичен настан ја потенцира потребата од строга примена на законските прописи и одговорност при издавање на лиценци за работа на објекти кои треба да ги исполнуваат сите безбедносни стандарди, со цел да се заштити животот и здравјето на граѓаните.

 

Споделете