Тошковски со чистка во МВР: Одговорност за трагедијата во Кочани

Тошковски почна со разрешувања: Началници и командири ќе сносат одговорност за трагедијата во Кочани

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, започна со разрешување на одговорните лица во полициските структури по трагичниот настан во Кочани. Според него, сите кои имале командна одговорност и пропусти во постапувањето ќе се соочат со последици.

„Нема да има толеранција за пропусти кои чинат човечки животи. Началниците и командирите кои не си ја завршиле работата ќе бидат разрешени и ќе сносат одговорност“, изјави Тошковски.

Министерството веќе започна со анализирање на работата на засегнатите полициски структури, а јавноста очекува конкретни мерки и одговорност за случајот што го потресе целиот регион.

Споделете