Пишува: Владимир Панчевски
Сериозна северна треска за протести се шири над Балканот (по примерот во Србија) не заобиколувајки ја Македонија.
Се бараат оставки и се истура гнев по улиците, се организираа студентите на платото на Универзитетот во Скопје – траорна атмосфера и глетка, млади луѓе масовно организирани собрани наводно да оддадат почит на жртвите?! А таму во првите редови меѓу толпата Тевдовски и Чупеска но и останати универзитетски инсталации… Се јавија веднаш Фрчковски со анализа за грешки на власта потоа и Калајџиев шарениот револуционер на Заев и Шеќеринска, оној кој со камења маваше по Владата ете го денес имаше порака – “се плашат од српско сценарио”! Универзитетот и студентите се користат како закана…
Кој се плаши, кој организира, кој заговара и кој за кого работи! Ова не е параноја ова не е теорија на заговор, Нео – либералните инсталации се длабоко вградени во системот и ги диригира команден центар надвор од државата – тие функционираат како терористички ќелии, по задача се вклучуваат и гасат!
Одеднаш започнува организирана кампања “КОЈ Е СЛЕДЕН?” со протести на плоштадите во сите градови?!
🧐 Дали се стихијни? Не верувам!
🧐 Кој ги организира бидејки немилосрдно се користат сите социјални мрежи, а испечатени се и постери? Не знам!
🧐 Дали ова е потребно? Не е!
🧐 Дали некој сака да ги злоупотреби болката и гневот на граѓаните? Да!
Зад се стојат најгнасните невладини на Џабир Дерала на Заевизмот и на ДУИ.
Причини за гнев и револт имаме сите милион, сите не облива тага и си поставуваме прашања, до кога, зошто??? Не дозволувајте да бидете изманипулирани и нивна иницијална каписла за нова бура од која ќе страдаме сите!
Бројката на жртви е огромна – цела една генерација млади заминаа засекогаш, луѓе кои можеа да бидат нашата надеж идни доктори, професори, научници, реформатори гордост на своите семејства и гордост на Македонија, а сега душата боли од трагедијата која ни се случи.
Оставете не да тагуваме во мир!
Оставете ги надлежните и професионалците да работат, да утврдат виновници и тие да одговараат. Оставки на тие што спроведуваат закон и ред и сакаат нешто да оправат сега не ни се потребни. Трагедијата не треба да роди нова трагедија и “село без кучиња”! Тоа го сакаат тие што не ја сакаат Македонија, тие се измеќарите на јавачите на апокалипсата на Македонија и сакаат таа да се уништи, да ја нема!!!
Општеството е рането, ни треба да изградиме нови силни институции и силна државничка рака да го рестартира системот и да се справи со трулите инсталаци вградени во секоја пора на општеството овие 35 години кои само последниве 8 години во хаосот на Заевизмот ги уништија и исфрлија професионалците од системот и натоварија милијарди – народни пари, за да денес бидат тригер за рушење на влади, системи и се што ќе им се исправи на патот!
Од овие причини со месеци со сарказам ја напаѓав власта дека треба да е поагресивна во прогонот, апсење и казнување на виновниците кои последните 8 години го девастираа општеството.
Знаев дека се работи за опасни структури и дека борбата е тешка, но знаев и дека треба да се удрат силно и веднаш по изборите. И тоа да се удри главата кланот Заеви и сите нивни институционални инсталации најпрво обвинителите на СЈО и нивните тимови, судство и обвинителство целосно да се распуштат, универзитетите и невладините да се преиспитаат до каде се институционално вградени.
Не е ни сега доцна, но треба да се почне веднаш и одлучно, за да не биде доцна!
Владимир Панчевски