Софија Куновска за пресот на Филипче: „Што таа беда има да ни каже…“

Софија Куновска за пресот на Филипче: „Што таа беда има да ни каже…“

Поранешната пратеничка на СДСМ, Софија Куновска, жестоко реагираше на најавениот прес на актуелниот претседател на партијата, Венко Филипче. Во објава на Фејсбук, таа го нарече „беда од човек“ и потсети на низата скандали што го следат неговото име.

„Онаа беда од човек на која и се случија 14 мртви во пожар на преплатена модуларна болница, висококоруптивна зделка со преплатени вакцини која за среќа ја спречи СЗО, физиолошки раствори наместо хемотерапија, ќе држел прес???“ – напиша Куновска, алудирајќи на трагедијата во Тетово и сомнителните набавки во здравството за време на министерскиот мандат на Филипче.

„Е затоа сме таму каде што сме и од ова држава не бидува. Што таа беда има да ни каже…“ – завршува нејзината објава, во која отворено го критикува враќањето на Филипче во политичкиот врв.

Нејзиниот став предизвика реакции на социјалните мрежи, а останува да се види како ќе одговори Филипче и СДСМ на оваа остра критика од нивен поранешен висок партиски функционер.

Споделете