Премиерот Христијан Мицкоски се обрати до граѓаните по повод трагичниот настан што ја потресе јавноста, истакнувајќи дека ова е еден од најтешките денови во неговиот живот.
„Нема да имам милост, секој кој е инволвиран во овој трагичен настан ќе одговара до последниот“, порача премиерот, нагласувајќи дека надлежните институции веќе преземаат конкретни чекори за расветлување на случајот и санкционирање на одговорните.
Во неговото обраќање, Мицкоски изрази сочувство до семејствата на настраданите и побара од сите граѓани да останат смирени додека истрагата трае. Владата најави дека ќе сподели повеќе информации откако ќе завршат првичните анализи и истражните дејствија.