„Рускиот сценариски хаос во Белград: Дали Србија ќе падне во стапицата?“

Рускиот обид за дестабилизација на Србија: Паралели, закани и можни сценарија

Протестите во Белград добиваат нова димензија, а обидот за пренесување на „мајдански“ сценарио на Балканот отвора сериозни прашања за геополитичката игра во регионот. Дали станува збор за спонтано незадоволство или пак за вешто режирана операција со надворешно влијание?

Факт е дека Русија, соочена со глобална изолација, активно бара нови точки на нестабилност за да го прошири својот стратешки наратив. Србија, како традиционален сојузник, одамна е во фокусот на Кремљ, но парадоксално, токму руското влијание може да стане најголемата закана за српскиот државен суверенитет.

 

Александар Вучиќ е свесен за ова, но дали ќе има сила да одговори соодветно? Историјата покажува дека Србија веќе направи клучни грешки кога дозволи да биде втурната во геополитички игри што завршуваа со трагични последици. Атентатот на Зоран Џинџиќ беше пример за тоа како еден европски ориентиран курс може да биде насилно прекинат од структури што не се подготвени да се откажат од минатото.

Македонија, од своја страна, веќе помина низ сличен процес – искреното народно незадоволство и младинската енергија беа злоупотребени од надворешни и домашни фактори кои ја пренасочија иднината на државата. Србите би требало да учат од ваквите примери.

Балканот е постојано поле на геополитички пресметки. Доколку не се пронајде јасна стратегија за национален опстанок, регионот ризикува да стане не само пиун во глобалната шаховска партија, туку и жртва на сопствената неспособност за навремено препознавање на опасностите.

Споделете