„Пумпање пред избори: Политички фитнес или само празни зборови?“

Во најновата епизода од политичката сапуница „Кој кого напумпа?“, вицепремиерот Иван Стоилковиќ и организацискиот секретар на СДСМ, Мартин Костовск,

разменија „пумпачки“ пораки преку социјалните мрежи.

Сè започна кога Костовски, инспириран од студентските протести во Србија, објави краток статус на Фејсбук со зборот „Пумпај“. Овој слоган стана симбол на протестното движење и се користи на секој собир на студентите во Белград.

Не помина долго време пред Стоилковиќ да одговори на свој начин. Тој направи принтскрин од статусот на Костовски и го сподели на својот профил, додавајќи провокативен коментар: „Напумпамо ве на избори. Да не сакате и некое друго пумпање? Затвори чекав…“

Оваа размена на „пумпачки“ пораки предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи, каде граѓаните со хумор и сарказам ги коментираа најновите политички „фитнес“ активности.

Во меѓувреме, останува да видиме дали оваа „пумпачка“ реторика ќе продолжи и дали ќе резултира со некои конкретни политички „мускули“ или ќе остане само уште една епизода во долгата серија на македонската политичка сцена.

 

Споделете