Орбан: Србија и Македонија веднаш во ЕУ, а не Украина

Унгарскиот премиер Виктор Орбан повторно ја критикуваше европската политика за проширување, нагласувајќи дека Србија и Македонија треба да бидат примени во Европската Унија „уште утре“, додека Украина не би требало да има предност во процесот.

„Ако Унијата сака да остане силна, проширувањето мора да биде базирано на реалноста, а не на политички симпатии. Србија и Македонија одамна ги исполнија условите за членство и нивниот влез треба да биде приоритет“, изјави Орбан.

Според него, ЕУ прави голема грешка ставајќи ја Украина пред земјите од Западен Балкан, кои со години работат на усогласување со европските стандарди.

Ова не е првпат Орбан да се спротивстави на европските институции во однос на проширувањето. Како лидер на Унгарија, тој често зазема ставови кои се во спротивност со официјалните политики на Брисел, особено кога станува збор за Украина.

Изјавата на Орбан повторно отвори дебата во европските кругови за иднината на проширувањето, но и за геополитичките интереси кои стојат зад одлуките на ЕУ.

Споделете