Пишува:Владимир Панчевски
Петте членови на Судскиот совет треба веднаш да ги наведнат главите посрамени да си поднесат оставка!
Тие повеќе немаат легитимитет, тие се избрани со политичка одлука од Собранието кое легитимитетот го влече од граѓанинот и неговиот глас, за нивна недоверба гласаа 77 пратеници што кореспондира со мнозинството граѓани во државава кои стојат зад 77 пратеници.
Сега најмалку што треба е останатите членови на Судскиот совет избрани од редот на судиите кои одлуките ги носат “Во името на граѓаните” веднаш да покренат постапка по интерпелацијата и со мнозинство гласови да ги разрешат овие недолични и нестручни кои го валкаат целото судство!
Редно време е малиот број судии по професија да се охрабрат и да ги разрешат политичките инсталации инаку и тие се соучесници заедно со нив во ова “заробено судство”!
Владимир Панчевски