Асмир Јахоски спроведен во Истражниот затвор Скопје, Кривичен му определи 30 дневен притвор

Правна збрка околу Јахоски: Судии и обвинители во контрадикторни одлуки

Судството повторно под лупа на јавноста поради правен преседан во случајот со Јахоски. Судии и обвинители влегоа во правен лавиринт, носејќи спротивставени одлуки што го отвораат прашањето за нивната професионална усогласеност и интегритет.

Судијата првично донел одлука за куќен притвор на осомничениот Јахоски, но обвинителката веднаш реагирала и поднела жалба. Во обид да го исправат ваквиот судски пресврт, колегите од Кривичниот совет ја преиначиле одлуката, одредувајќи му ефективен притвор. Оваа неконзистентност создаде впечаток на правна несигурност и дополнително ја засили недовербата во судството.

 критиките кон судиите и обвинителите растат.

Дополнително, се отвораат прашања за политичките и фамилијарни врски на обвинителката Коларевич, која во минатото, според неофицијални информации, одиграла клучна улога во спасување на поранешната претседателка на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска, од кривична одговорност.

Случајот со Јахоски е само уште еден пример на правна неизвесност која го загрижува општеството. Дали судството навистина функционира независно или е подложно на политички влијанија? Јавноста со нетрпение го чека следниот развој на настаните.

Споделете