ЕКСКЛУЗИВНО: Кандидат за ректор со сите двојки во средно училиште!

Во јавноста протече средношколското сведетелство на Блерим Саити, кандидат за ректор на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, кое открива шокантен податок – сите оценки во него се „двојки“. Ова отвора низа прашања за кредибилитетот на кандидатот и критериумите за избор на раководни позиции во високото образование.

Според документот што циркулира на социјалните мрежи, Саити едвај го завршил средното образование, што предизвика лавина реакции кај академската заедница и пошироката јавност. Многумина се прашуваат како е можно лице со ваков образовен бекграунд да напредува до академски титули и да конкурира за највисоката функција на универзитетот.

„Ако ова е точно, тоа е пораз за високото образование. Сакаме ректори со знаење, визија и научни достигнувања, а не кадри со минато полно со академски неуспеси“, коментира универзитетски професор кој сакаше да остане анонимен.

Саити сè уште нема дадено официјална изјава по повод овие наводи. Дали ќе ги демантира документите или ќе признае дека имал тежок почеток во образованието? Останува да видиме како ќе се одвива овој скандал кој ја тресе академската заедница.

Следете нè за повеќе детали.

Споделете