Теоријата за мртвиот коњ“ V.S. “Правосудството во Македонија”

Теоријата за мртвиот коњ“ V.S. “Правосудството во Македонија”

Претставува сатирична метафора што илустрира како некои индивидуи, институции или нации се справуваат со очигледни, нерешливи проблеми. Ваквиот комплот на личности и вредности најчесто се држат до оправдување на своите постапки.

Основната идеја е, ако сфатите дека јававате мртов коњ, најразумното нешто што можете да направите е да слезете и да продолжите понатаму.

Сепак, во пракса, често се случува спротивното.

Иако најразумното е да го остават мртвиот коњ, најчесто се преземаат следните чекори:

• Купуваат ново седло за коњот.

• Го подобруваат режимот на исхрана на коњот, иако тој е веќе мртов.

• Го менуваат јавачот наместо да се соочат со вистинскиот проблем.

• Го отпуштаат чуварот на коњот и вработуваат нов, надевајќи се на различен исход.

• Одржуваат состаноци за да дискутираат како да ја зголемат брзината на мртвиот коњ.

• Формираат комисии или работни групи за да го анализираат проблемот со мртвиот коњ од сите агли. Овие групи работат со месеци, составуваат извештаи и на крај доаѓаат до очигледниот заклучок: коњот е мртов.

• Ги оправдуваат своите напори со споредба на коњот со други слично мртви коњи, заклучувајќи дека проблемот бил недостаток на обука.

• Предлагаат програми за тренирање на коњот, што значи зголемување на буџетот.

• Ја редефинираат самата концепција за „мртов“ за да се уверат себеси дека коњот сè уште има потенцијал.

Поентата на овој текст е граѓаните да разберат дека “Реформата на правосудството” па и реформата на многу други институции и сектори е начин како трулиот систем опстојува, а на неговиот грб живеат неспособните и паразитите!

Ова покажува дека многу луѓе и организации претпочитаат свесно да ја негираат реалноста, трошејќи време, ресурси и напори на неефективни решенија, наместо од самиот почеток да го признаат проблемот и да донесат попаметни и поефикасни одлуки.

Владимир Панчевски

Споделете