Договор со обвинителството или влијание од Заев: Зошто Јахоски доби домашен притвор?

Договор со обвинителството или влијание од Заев: Зошто Јахоски доби домашен притвор?

Додека Ратко Капушевски заврши во истражен затвор, Исмаил Јахоски ќе го издржува својот притвор во удобноста на својот дом. Оваа одлука на судот отвори низа прашања во јавноста:

  • Дали Јахоски веќе постигнал некаков договор со обвинителството?
  • Дали судот го штити поради неговите политички и бизнис врски?
  • Дали клучна улога во одлуката одиграат неговите односи со поранешниот премиер Зоран Заев?

Јахоски со години важеше за еден од најмоќните бизнисмени блиски до власта, а неговата компанија добиваше државни тендери вредни милиони евра. Дали ова е само почеток на уште еден случај кој ќе заврши без реална одговорност?

Јавноста веќе има сомнеж дека правдата во Македонија важи селективно – некои завршуваат зад решетки, додека други, со доволно добри врски, остануваат во удобна изолација. Дали овој случај ќе ја потврди или ќе ја побие таа теза, останува да се види.

Споделете