Скопје ќе биде домаќин на елитен олимписки таеквондо спектакл – СКОПЈЕ ОПЕН РАМУС Г1 2025!

На 29 и 30 март, Скопје ќе биде во фокусот на светската таеквондо елита! Над 1000 натпреварувачи од повеќе од 50 држави ќе се натпреваруваат во рамки на Скопје Опен Рамус Г1 2025, кој оваа година се издигнува како најголемиот спортски настан во земјата.

Во организација на Македонската Таеквондо Федерација, Таеквондо Клуб Бутел и Таеквондо Клуб Рамус – Софија, овој престижен турнир е дел од официјалниот календар на Светската таеквондо асоцијација и носи бодови за остварување на олимписка норма.

Големата сала на СРЦ „Јане Сандански“ ќе биде арената каде што ќе се борат некои од најдобрите светски таеквондисти, меѓу кои и неколку национални тимови од олимписки велесили. Борбите започнуваат во 09:00 часот.

Да ги бодриме нашите репрезентативци, предводени од сребрениот олимписки медалист Дејан Георгиевски!

Време е за спортски спектакл! Се гледаме во Скопје!

Споделете