Граѓаните огорчени: Зелениот картон – рекет од осигурителните компании, Владата молчи!

Зелениот картон – прескап трошок кој ја оптоварува македонската економија

Зелениот картон, задолжителен документ за возење во странство, веќе со години претставува нефер товар за македонските граѓани. Нашата земја има убедливо највисока цена за овој документ во регионот, а осигурителните компании остваруваат огромни профити на сметка на народот.

Цената на зелениот картон во Македонија изнесува 3.690 денари за возила до 66 KW и 5.536 денари за оние над 66 KW. За месечен картон, граѓаните мораат да издвојат 1.850 или 3.075 денари во зависност од јачината на моторот. Во споредба, цената во Србија е околу 1.000 денари, во Црна Гора околу 2.000 денари, а во Бугарија зелениот картон е вклучен во годишното осигурување.

Владата на Мицкоски мора да реагира!
Граѓаните очекуваат конкретни чекори за намалување на цената на зелениот картон и усогласување со стандардите во регионот. Наместо да ги штити осигурителните компании и нивните екстра-профити, Владата мора да застане на страната на народот. Осигурителните компании не сакаат да се откажат од огромните приходи што ги остваруваат на овој основ, но време е интересите на граѓаните да бидат приоритет!

Потребни се итни законски измени за да се коригира оваа неправда. Македонските возачи со години се изложени на непотребно високи трошоци кои ја оптоваруваат економијата и го прават животот сè поскап. Секое одложување значи дополнителен удар врз стандардот на граѓаните.

Споделете