Зелениот картон – прескап трошок кој ја оптоварува македонската економија
Зелениот картон, задолжителен документ за возење во странство, веќе со години претставува нефер товар за македонските граѓани. Нашата земја има убедливо највисока цена за овој документ во регионот, а осигурителните компании остваруваат огромни профити на сметка на народот.

Владата на Мицкоски мора да реагира!
Граѓаните очекуваат конкретни чекори за намалување на цената на зелениот картон и усогласување со стандардите во регионот. Наместо да ги штити осигурителните компании и нивните екстра-профити, Владата мора да застане на страната на народот. Осигурителните компании не сакаат да се откажат од огромните приходи што ги остваруваат на овој основ, но време е интересите на граѓаните да бидат приоритет!
Потребни се итни законски измени за да се коригира оваа неправда. Македонските возачи со години се изложени на непотребно високи трошоци кои ја оптоваруваат економијата и го прават животот сè поскап. Секое одложување значи дополнителен удар врз стандардот на граѓаните.