Континуирано одржување на хигиената во Општина Аеродром
Екипите задолжени за одржување на јавната хигиена во Општина Аеродром и денеска се на терен, посветено работат на чистење на улиците, парковите и другите јавни површини.
Со редовни активности за метење, собирање отпад и миење на јавните простори, локалните служби се грижат за почиста и поуредна околина. Граѓаните велат дека ваквата континуирана грижа за хигиената придонесува за пријатна и здрава средина за сите.
Од општината апелираат граѓаните совесно да постапуваат со отпадот и да придонесат кон зачувување на јавната чистота.