Мицкоски до Османи: Ти ли зборуваш за јазици, кога го разнебити македонскиот идентитет?

Премиерот Христијан Мицкоски остро реагираше на изјавите на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и потпретседателот Бујар Османи, кои предупредија на можноста за политичка криза доколку Уставниот суд го поништи Законот за употреба на јазиците, што би можело да влијае и на одржувањето на локалните избори.

 

Во својата реакција, Мицкоски го критикуваше Османи, истакнувајќи дека токму тој е личноста која, според него, го поткопувала македонскиот идентитет и јазик. „Лицето кое го разнебитуваше македонскиот идентитет и го поткопуваше значењето на македонскиот јазик има најмалку кредибилитет да зборува на оваа тема. Ако мене не ме почитува, тогаш не го почитува ниту својот мајчин, албански јазик“, изјави премиерот.

Оваа размена на остри зборови доаѓа во време на зголемени тензии околу иднината на Законот за употреба на јазиците и неговото влијание врз политичката стабилност во земјата.

Споделете