Стратешко партнерство во акција: Македонија и Унгарија на меѓувладина конференција

Владина делегација, предводена од премиерот Христијан Мицкоски, денес и утре престојува во Унгарија на меѓувладина конференција што ќе ги зацврсти односите меѓу двете земји.

Македонија и Унгарија веќе подолг период негуваат силни билатерални односи, базирани на заемна поддршка, економска соработка и стратешки визии за иднината. Оваа средба ќе биде можност за продлабочување на партнерството, со фокус на конкретни проекти и иницијативи што ќе донесат корист за граѓаните на двете држави.

Во време на динамични геополитички промени, стабилните меѓудржавни релации се клучни за економскиот раст, безбедноста и европските перспективи на регионот. Македонија има искрени сојузници, а Унгарија останува еден од најгласните поддржувачи на нашата земја на меѓународната сцена.

Долгогодишното пријателство меѓу двата народа е темел што мора да се негува и надградува, а оваа конференција е чекор напред во заедничкиот развој и споделувањето на успешни политики и практики.

Споделете