Хаос во српскиот парламент: Опозицијата со факли, пратениците во паника

Белград – Српскиот парламент денеска беше претворен во вистинска бојно поле откако опозициските пратеници запалија факли среде седница, создавајќи драматични сцени кои ја вознемирија јавноста.

 

Во момент кога владејачкото мнозинство се обидуваше да го наметне дневниот ред, опозициските лидери одеднаш извадија факли, симболично протестирајќи против, како што велат, „диктатурата“ и изборната кражба. Огнените пламенови и чадот предизвикаа хаос во салата, а дел од пратениците во паника ја напуштија просторијата.

Инцидентот брзо стана главна тема во српските медиуми, додека социјалните мрежи се преплавени со снимки од запалените факли и реакциите на пратениците. Безбедносните служби интервенираа, но тензиите остануваат високи.

Дали ова е вовед во поголеми политички потреси? Србија е на раб на нова политичка криза!

 

Споделете