Зголемена доверба во дигитализацијата: 68,7% од граѓаните очекуваат подобри услуги

Зголемена доверба во дигитализацијата: 68,7% од граѓаните очекуваат подобри услуги

Според најновото истражување на Институтот за политички истражувања Скопје (ИПИС), спроведено за „Детектор“, 68,7% од граѓаните веруваат дека дигитализацијата ќе ги подобри и забрза услугите. Ова претставува значителен пораст на довербата во дигиталните услуги во споредба со претходните години.

Зголемена доверба во дигитализацијата: 68,7% од граѓаните очекуваат подобри услуги

Истражувањето исто така покажува дека 70% од испитаниците сметаат дека е важно да имаат помош од службеник во почетната фаза на користење на дигитални услуги. Понатаму, 57% од граѓаните веруваат дека реформите во јавниот сектор треба да се насочат кон дигитализација, додека 28% сметаат дека фокусот треба да биде на обуки и нови вработувања во јавната администрација.

И покрај зголемената доверба, 49,4% од испитаниците сè уште претпочитаат да ги добиваат услугите лично на шалтер, додека 45,6% би избрале дигитална опција. Ова претставува зголемување на довербата во дигиталните услуги за 12% во однос на 2023 година. Сепак, 60% од испитаниците досега не искористиле ниту една услуга онлајн, додека 38,4% веќе се упатиле на дигиталните платформи. Дополнително, 37% од граѓаните се скептични во однос на безбедноста на нивните податоци онлајн.

Позитивен тренд е забележан и во перцепцијата за процедурите за добивање документи, при што 33,2% од испитаниците сметаат дека е полесно да се дојде до документи отколку пред пет години. Истражувањето беше спроведено во периодот од 24 до 26 јануари 2025 година, со репрезентативен примерок од 1.033 испитаници од целата држава

Споделете