Ведрана Тунески освои злато на Г1 Бугарија Опен

Македонска олимписка надеж во таеквондо

Македонската таеквондо ѕвезда Ведрана Тунески блескаше на силниот Г1 турнир Бугарија Опен, освојувајќи златен медал со четири убедливи победи. Овој престижен натпревар носи бодови за Олимписките игри, а Тунески уште еднаш покажа дека е сериозна кандидатка за најголемиот спортски собир во светот.

Во финалето, младата натпреварувачка од Таеквондо клуб Бутел славеше против Нина Грујиќ од Србија со 2:0, со што го потврди својот доминантен настап на целиот турнир. Претходно, на патот до златото, Тунески ги совлада:

Марина Боновска (Бугарија) – 2:0
✅ Маша Зорица (Србија) – 2:1 (четвртфинале)
✅ Карина Довжањин (Украина) – 2:1 (полуфинале)

Бугарија Опен е еден од најсилните таеквондо турнири во Европа, а успехот на Тунески е уште поголем ако се земе предвид дека таа веќе е пионерски медалист од официјално Европско првенство.

Голема заслуга за овој триумф има и тренерскиот тим на Таеквондо клуб Бутел, предводен од Борче Костовски, Викторија Спасовска, Стефан Костовски и Иван Крстевски.

Овој успех уште еднаш потврдува дека Македонија има вистинска олимписка надеж во таеквондо. Без калкулации и заобиколувања, Ведрана Тунески е име за кое допрва ќе се слуша во светскиот спорт.

Македонија гордо чекори кон олимписките височини❗️

Споделете